Денеска сме во посета на Општина Кисела Вода со убеден сум после 17 октомври новиот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Мислам дека го имаме најдоброто решение за Кисела вода, Орце е чесен и посветен човек, кој ја сака општината, пораснат е тука, ги знае луѓето, ги знае нивните проблеми и знае што треба да се направи да се решат тие проблеми. Орце е човек кој е работлив, не е мрзелив и затоа мислам дека го имаме вистинското решение, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-За жал 4 години Кисела Вода назадува во една комбинација на досегашниот градоначалник од СДСМ и досегашниот градоначалник на Град Скопје исто така од СДСМ, кои што или не работат, а кога малце ќе поработат прават криминал. Најчесто не работат и затоа се стагнира почнувајќи од фонтаната позади мене којашто е во склоп на Споменикот на бранителите, а не работи и е полна со ѓубре, продолжувајќи преку булеварот Првомајска кој го проби ВМРО-ДПМНЕ и кој за жал не се гради откако Петре Шилегов и Филип Темелковски се градоначалници, одејќи кон криминалните намери за изградба на преку 100 згради тука во Општина Кисела Вода. И веројатно завршувајќи со она што е мака не само на Кисела Вода туку и на цело Скопје, а тоа е загадувањето. Во овие 4 години ни Петре Шилегов ни Филип Темелковски ништо не направија да го спречат загадувањето од Цементара, напротив со закон во Собранието овозможија да се увезува отпад кој ќе се користи во работењето на Цементара и не само што ги загадува околните населби и општината, туку го загадува и цело Скопје. Со прст не мрднаа да го решат овој проблем, веројатно од олигархиски и бизнис интереси кои само на нив им се познати, вели Николоски.
Тој додава дека затоа на 17 октомври мора да се случи промена за да заминат двајцата најнеспособни градоначалници, на Кисела Вода и на Скопје и да дојдат чесни луѓе кои ќе ги решаваат проблемите. Имаме одлично решение и сум убеден во победа во Кисела Вода.
Comments are closed for this post.