Потпретседателот на ВМРО-ДПмне, Александар Николоски вели дека позади нас е најлошата година за Република Македонија.

Година во која што Власта реши да го промени името на државата, да го избрише македонскиот национален идентитет и економски да ја уништи државата. Погледнете дел од битката против сето ова, вели Николоски во видео обраќањето во кое во продолжение се пуштаат извадоци од интервјуа, дуели, изјави и средби во 2018-та.

Во 2019 година заедно ќе се бориме, и ќе успееме затоа што победата е пред нас! Ви посакувам убави празници, многу мир и благосостојба. Нека е поубава 2019 година!, истакнува Николоски.