Денешното рочиште покажа дека Вице Заев е јавна личност иако во тужбата тврдеше дека не е. Презентирав негови изјави во медиуми и со тоа тужителот призна дека е јавна личност, истакна по дешеното рочиште потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Според Николоски, кога сте јавна личност мора да сте подготвени да трпите поголемо ниво на критика и кога нешто ќе биде кажано за вас имате два начина да одговорите, да го потврдите или демантирате но не и да се тужите на суд.
Се утврди и дека тој е сопственик на повеќе компании од она што е познато во јавноста. Самиот кажа дека е сопственик на две компании, за после тоа самиот да се демантира дека е сопственик на уште неколку компании ама таму имал по 20 проценти што повторно го прави сопстеник-образложи Николоски
На рочиштетот Николоски го праша колку движен и недвижен имот поседуваат неговите фирми на што братот на премиерот рече дека не знае точно но оти се што поседува е јавно достапно.
Следното рочиште е на 12 април во 12 часот кога ќе бидат и завршните зборови.
Comments are closed for this post.