Владата на СДС и ДУИ дала дозвола Назиф Дестани, близок до ДУИ да влезе во концесијата за отворање на рудник во локалитетот Иловица за ископ на бакар и злато, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Други гости кои претходно доаѓале ни кажале дека силно лобираат и им се јавуваат кај нив премиерот и вицепремиерот со барање да дојдат тука и да ја убедуваат јавноста дека рајот е на следната врата и само треба овие лошите момци од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за да се отворат рајските врати. Дел од нив од одбиваат да дојдат, дел доаѓаат неволно, мислам дека убеден не е никој од тие што доаѓаат“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Според Николоски доаѓањето на гостите и посетите во Македонија се со цел да се прифати неизвесност, односно сега Македонија да влезе во процесот на Уставни измени со тоа што ќе го вметне дел од бугарскиот народ што живее во Македонија во Уставот, но никој не гарантира дека тоа ќе е последно затоа што самата бугарската Влада има вели дека има потпишано протоколи со Владата на СДСМ и ДУИ, протоколи кои после тоа треба да се реализираат, а кои директно удираат во суштината постоењето на македонскиот народ и македонската држава.

„Тие доаѓаат за работа која Владата на Македонија ја прифатила, тие не се страна во спорот, тие не се страна која одлучува. Тие велат ние сакаме да почнете преговори за да почнете преговори вашата Влада прифатила ова. Проблемот е тоа што Владата прифатила. Ние ги ислушавме и им ги кажавме нашите позиции и им се заблагодаривме и им кажавме ДА за членство на Македонија во Европска Унија, НЕ за уставни измени под бугарски диктат. Тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ непроменет и таков е една година“, вели Николоски.

Тој додаде дека не само што се спори определувањето на национално клучните македонски фигури, туку тие покренуваат иницијатива да се премести вечното почивалиште односно  гробот на Гоце Делчев од Скопје во Благоевград.

„Овој Француски, според мене Бугарски предлог затоа што се што побараа Бугарите го имаше на предлогот е официјално прифатен од Владата на Македонија и тие доаѓаат за предлог за кој Владата која што е во Македонија го прифатила. Тие не доаѓаат да наметнат нешто или да се убедуваат, туку велат дека ова Владата го прифатила. Проблемот е што Владата на СДСМ и ДУИ без никаков легитимитет ниту изборен, ниту по однос на ова прашање прифати работи за кои нормален човек не би разговарал. Сега ние сме во ситуација да ВМРО-ДПМНЕ е единствениот браник на македонските национални интереси дома, а надвор да изгледа и помалце проблематично, да изгледа и со многу прашалници нашиот однос надвор затоа што тие кога тргаат од дома читаат што е ситуација со спорот помеѓу Бугарија и Македонија, што е решение, бугарската Влада предложила македонската Влада прифатила и сега тоа да се изгласа во Собрание, кај е проблемот? ВМРО-ДПМНЕ не се согласува“, посочи Николоски.

Според него со овој предлог Македонија останува без култура, историја и  наследство. Јазикот нема да е веќе засебен јазик туку дијалектна форма на бугарскиот јазик затоа што тоа го прифатила Владата во Македонија.

„Суштината на проблемот е што Владата прифатила ваква работа и во овие година дена Владата вели дека е супер оваа работа и Ковачевски, Османи, Маричиќ и Ахмети велат дека ова е најдобрата работа што може да и се случи на Македонија за само македонскиот народ да се откаже од себе“, заклучи Николоски.

во локалитетот Иловица за ископ на бакар и злато, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Согласно законските процедури Дестани морал да плати 7 проценти од вредноста на концесијата за да влезе, што значи дека и Ковачевски и Ахмети однапред се договориле со Дестани тој да ги купи уделите на големите светски компании, а потоа да добие дозвола за отворање на Иловоца.

Дестани со отворањето на рудникот во Иловица има само желба за зголемување на личното богатство, но не и познавање. Па затоа прашуваме која е сигурноста при ископ на бакар и злато ја нуди Дестани, кој нема ниту еден ден искуство од ископ на минерални суровини, особено не на злато.

Ковачевски лаже дека не знаел, а министрите на СДС глумат дека биле излажани.

Да гласаш одлука на влада спротивно на интересите и барањата на граѓаните, само поради бизнис интересите на ДУИ, е директно одење против волјата на граѓаните.

Поради фактот дека се уште никој од нив не поднел оставка од морални причини и не побарал одговорност за министерот за економија Крешник Бектеши, само говорори дека истите се согласуваат со ваквата одлука која е спротивна од интересите на граѓаните во струмичко.

ВМРО-ДПМНЕ прашува уште колку вакви штетни одлуки гласале министрите во владата на СДС и ДУИ?

Дополнително и тоа што Ковачевски велеше дека на владина седница ќе дискутираат за концесијата и доколку граѓаните не сакаат рудник во Иловица, истиот нема да биде отворен, а вчера воопшто и не станало збор за тоа бидејќи Крешник бил на службено патување, се појасно станува дека Ковачевски и овој пат ќе ретерира од сопствените изјави и ќе ја спроведе наредбата на Ахмети и ДУИ.

Ковачевски и Ахмети во државата гледаат исклучиво бизнис интереси за профитирање преку милионски зделки.

Ковачевски и Ахмети мора да заминат што побрзо од власт, бидејќи секој ден со владата на СДС и ДУИ, граѓаните губат.

Одговорност за ова и за сите други криминали ќе има!