Ние цело време повикуваме на влада за национално единство која ќе се справи со здравсвената и економската криза и со блокада на Бугарија. Тоа Заев го одбиваше, демек има мнозинство. Сега не гледам дека истата идеја е на маса. Тоа што Заев го сака прво, е да бира раководство во ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да му се дозволи и второ, нему му треба контролирана опозиција со цел вечно да владее. Тој филм нема да го види, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.
Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди експертска влада.
„Бесими не е најголем експерт и Филипче не е најголем експерт. Мислам дека има такви имиња има во МАНУ, во бизнисот…“, рече Николоки.
Николоски укажа дека предвемени парламентарни треба да има заедно со локалните.
„Каде има кутија за локални, таму и за парламентарни избори, и во еден трошок оди тоа“, кажа Николоски.
Во однос на читачите на прсти, Николски смета дека мора да ги има за да нема манипулација.
„Тоа мора да се случи, тоа е законска обврска и мора да се почитува законот затоа што се одговара. Министерот за финансии да обезбеди средства за фингерпринт апарати, бидејќи ако не го стори тоа кривично ќе одговара“, вели Николоски.
Comments are closed for this post.