Уставниот суд денеска ќе распрва за иницијативата за објавувањето на новото име Репубика Македонија“ во Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.

Судот ќе одржи подготвителна седница на која ќе се донесе одлука дали по оваа точка ќе се закаже главна расправа или ќе ги отфрли иницијативите. Поднесени се четири иницијативи меѓу кои на Светскиот Македонски конрес, на Солза Грчева и на адвокатот Томе Тодоровски.

Тие сметаат дека претседателот има право на суспензивно или џебно вето и оти претседателот на Собранието, во случајот Талат Џафери нема право да потпишува Указ со негово име.

Денеска ќе се расправа  и за иницијатива со која ја оспорува уставноста на Законот за употреба на јазиците.

Донесувањето на Законот без двотретинско мнозинство, немањето потпис од претседателот на државата и спротивноста на Законот со принципите на владеењето на правото се дел од аргументите  во иницијативата со која бара запирање на извршувањето на поединечните акти или на дејствијата што се преземаат врз основа на овој Закон.