Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека во услови кога имаме поразителни бројки на заразени и починати од корона вирусот и немањето капацитет на власта, предводена од СДСМ, да го обезбеди потребниот број на попишувачи за спроведување на попис операцијата е да се направи електронски попис.
Одговарајќи на новинарски прашања после изјавата која што ја имаше при посета и средба со граѓани во населеното место Драчево во Општина Кисела Вода заедно со кандидатот за градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, Николоски истакна дека впрочем ВМРО-ДПМНЕ цело време бара во Македонија да се проведе електронски попис со што би се избегнало физичко посетување на граѓаните во домовите, така што би се спречило ширење на заразата и би се заштитело здравјето на граѓаните и би се спречиле манипулациите што власат сака да ги прави.
„Најдобар начин да се спроведе целата оваа процедура е да се направи електронски попис, кој што ВМРО-ДПМНЕ цело време го бара. Со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави. Така што, решение е електронски попис за да се заштити здравјето на граѓаните и да нема манипулации“, рече Николоски.
Во однос на недостигот, односно неможноста да се обезбеди доволен број на теренски попишувачи, тој истакна дека власта предводена од Зоран Заев покажа дека е тотално неспособно, додавајќи дека основна причина зошто луѓето не се пријавуваат е за што знаат дека попишувачите се избираат партиски. Иако, додава Николоски, огласите за попишувачи се објавуваа од страна на општинските организации на СДСМ, тие имаат толку скромно членство кое што веќе бега од нив, така што немаат капацитет дека го обезбедат потребниот број попишувачи за спроведување на пописот на населението.
Comments are closed for this post.