Центристичко демократската интернационала (ЦДИ) денес одржa состанок на Извршниот комитет, со кој претседава Претседателот на ЦДИ Андрес Пастрана. Заради состојбата со корона кризата состанокот се одржува преку видео конференција.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во обраќањето ги информираше преставниците на партии десни од центарот од цел свет за состојбата во Македонија, недемократската атмосфера во која поминаа изборите на 15-ти јули, поткупот и притисокот врз гласачите, нееднаквиот пристап за промоција на својата програма и кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, како и злоупотребата на вонредните состојби од страна на СДСМ.
Информирав и за активностите кои ги има партијата, изборот на Извршен комитет и Генерален секретар, протестите кои ги органзира партијата, како и активностите на пратеничката група во Собранието. Потенцирав и за лошиот менаџмент на корона кризата од страна на Владата како и бројните корупциски скандали.
ЦДИ е најголема светска организација на партии десни од центарот, конзервативни и христијанско – демократски партии. Во раководството на ЦДИ покрај претседателот Пастрана влегуваат и Антонио Лопез Истуриз како Генерален секретар, а потпретседатели се лидерот на шпанската опозиција Пабло Касадо, премиерот на Словенија Јанез Јанша, Елмар Брок од ЦДУ Германија, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, поранешниот претседател на Либан Амин Гемајел.
Comments are closed for this post.