Оваа година за прв пат молитвениот појадок се одржа виртуелно, преку онлајн обраќања поради ковид пандемијата.
Главни говорници беа претседателот на САД Џо Бајден и спикерот на Конгресот Ненси Пелоси.
Во своето обраќање претседателот Бајден нагласи дека овој традиционален настан ги собира и обединува луѓето од различни земји, култури, партии и убедувања. Претседателот Бајден повика на дух на обединување и надминување на разликите.
Претседателката на Конгресот на САД Ненси Пелоси особено се задржа на ковид кризата, која изминатава година ги зафати САД и светот. Пелоси нагласи дека треба да сеќаваме на бројните жртви, како и да им се помогне на тие кои што сеупте страдаат од ковид кризата.
Воедно, за време на Молитвениот појадок имаше поголем број на обраќања на сенатори и конгресмени од редовите на Демократите и Републиканците.
За време на онлајн собирот на учесниците од Европа свои обраќања имаа Милошоски и Ѓорчев, нагласувајќи дека се работи за одличен настан кој што ги обединува и зближува луѓето.
Comments are closed for this post.