Откако СДСМ е на власт македонската царина и полиција немаат запленето ни грам кокаин, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринска програма на „Алфа“, додавајќи дека токму поради тоа ако СДСМ победи на овие избори, иако тоа е невозможно, тогаш Македонија ќе биде високо корумпирана земја.
Прво, избор на граѓаните е кој ќе победи на изборите. Јас сум длабоко убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе сериозна убедлива победа. Победа која што како што кажав на почеток на овој наш разговор ќе решава и покрупни прашања. Сепак, доколку тоа не е волја на граѓаните треба да се свесни дека Македонија сега е практично во една висока фаза на корумпирана држава. Доколку Зоран Заев победи ќе биде високо корумпирана држава во која што нормален човек нема да може да функционира доколку не е дел од криминален картел, нагласи Николоски.
Николоски додаде дека во тој случај луѓето би се поделиле на два дела, едниот дел ќе стане криминален, а другиот дел ќе биде граѓаните што ќе ја напуштат Македонија.
Ние сме спремни со тоа да се бориме, и да го исчистиме. Нема да биде лесно. Во моментов кокаин имате на улиците на Скопје повеќе било кога во историјата на Македонија. Поевтин е од било кога и подостапен е од било кога. Еве нека размислат сите кои што не гледаат кога последен пат на вести виделе кило кокаин да фати македонската царина или македонската полиција. Јас сега ќе одговорам, во овие три години грам кокаин не е фатено. Дури ни по грешка кога прават претрес на камион, автобус или автомобил кој што поминува на граница, рече Николоски.
Николоски појасни дека и по грешка да фатат, ќе го вратат назад.
Затоа што структурите на СДСМ околу Зоран Заев се во криминална коалиција со наркобандите во Македонија. Тоа е работа која што ВМРО-ДПМНЕ сериозно планира да ја расчисти. Не се прави тоа за ден или два, бидејќи се работи за добро организирани структури кои што имаат многу пари и моќ. И не се милосрдни. Но се прави и решава. Доколку изборот на граѓаните е добро да има кокаин по улиците тогаш веројатно е да гласаат за Зоран Заев. Но јас сум убеден дека не сакаат да има кокаин по улиците и нивните деца да бидат труени од мали години, да си уништуваат животите и затоа очекувам ВМРО-ДПМНЕ помеѓу другото и заради ова да добие сериозна поддршка. Така што едноставна работата, не е црно – бела, или ќе победи битката против криминалот или ќе победи криминалот, средина нема тука и не може да има, заклучи Николоски.
Comments are closed for this post.