Година и пол подоцна Преспанскиот договор не ја оствари целта. Се уште, иако формално, Македонија е пред вратите на НАТО, а до чергичето пред вратата на Европската унија не чека долг пат. Во меѓувреме, Владата предводена од СДСМ и ДУИ го смени уставното име на државата, го силува Уставот, го раздаде и распродаде македонскиот идентитет. И најлошо од се – се уште се обидува да печали изборни поени на „малата жртва за остварување на големиот европски сон“.

На првата прес-конференција од заминувањето од премиерската функција Зоран Заев излезе со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Заев вели дека доколку дојде на власт Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништат Договорот од Преспа.

Сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеји за укинување или поништување на Договорот од Преспа кој не донесе до полноправно членство во НАТО и на чекор до започнување на преговорите со ЕУ – обвини денеска Заев.

Од што се плаши Заев?

Не ВМРО-ДПМНЕ, туку граѓаните се тие кои кажаа „Не“ за Договорот од Преспа. На референдумот 65 % од граѓаните не излегоа на референдумот не излегоа и со тоа јасно ставија дознаење дека се против промена на името. Не помогна ни наведувачкото прашање „ Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со поддршка на Договорот од Преспа“.

Дека референдумот не е успешен официјално објави и Државната изборна комисија бидејќи не беше исполнет условот на гласање да излезат 50 проценти од запишаните гласачи. На реферндумот излегоа само околу 37 проценти од граѓаните.