-Мислам дека е огромен скандал за дипломатијата тоа што клучните амбасади подолг временски период не се пополнети, почнувајќи од Вашингтон. Доколку се вистините информациите кои што излегоа во јавноста, а никој до сега кредибилно не ги демантираше дека професорот Фрчковски бил предложен за амбасадор во САД и истиот не добил согласност со земјата домаќин да оди таму, мислам дека тука треба да застане секакво размислување за било каква дипломатска активност, без разлика што некој може да мисли дека може да има вакви или такви квалитети. Штом државата која треба да го прими како дипломат не дава согласност, нешто кое многу ретко се случува кога мора да има сериозно образложение позади целата работа тоа е јасна порака дека тука треба да заврши обидот за било каков ангажман после. Сега сакам јавно да прашам дали причината што Зоран Заев вака инсистира да го прати Фрчковски за амбасадор, е тоа што му должи затоа што Фрчковски и Нано Ружин ја пишуваа номинацијата за недобиената Нобелова награда на Зоран Заев и дали тогаш ветил кога ја пишувале таа номинација дека ќе го прати за амбасадор. Зоран Заев толку летна во облаци што мислеше дека Нобелова награда ќе добие, рече Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Понатаму Николоски во своето гостување потсети дека Македонија имала претседавач во Генералното Собрание на Обединетите Нации и срамота е сега да се брука државата.
-Доколку е вистина ова за Обединетите Нации навистина ја брукаме државата од причина што да не заборавиме оваа држава дала претседавач на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Срѓан Керим претседаваше со Генералното Собрание на Обединети Нации што е врв во дипломатијата и што е врв за една држава особено мала држава како Македонија. Сега вие во едни такви услови кога државата успеала таму да стигне до врвот што многу ретко се случува да пратите едни вакви компромитирани луѓе мислам дека ја навредувата и организацијата во која ги праќате во случајот тоа е врвната светска организација Обединетите нации, додаде Николоски.
Comments are closed for this post.