Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска од Мечкин Камен го честиташе празникот Илинден. Притоа, тој тврди дека биле спречени да положат венец во споменикот Илинден, на гробот на Никола Карев.
На власта не и допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на споменикот „Македониум“ на гробот на Никола Карев.Првпат се наруши традицијата да е во првиот ред во прославувањето на Илинден-вели Николовски.
Од Владата пак демантираат и велат дека ВМРО-ДПМНЕ биле уредно поканети во „Македониум“ но оти не се појавиле.
Владата на Република Северна Македонија испрати уредни покани до целата јавност и до сите политички партии за настаните за Илинден во Крушево, а ВМРО-ДПМНЕ беа уредно известени за сите организациски детали-велат од Владата.
Comments are closed for this post.