Бројките изнесени од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се неточни и со истите манипулираат, како само еден пример ќе кажам дека цената на хотелското сместување во Вермонт беше препорачано од тамошните власти и не изнесуваше повеќе од 150 долари по вечер, тврди поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, по низата обвинувања од пратеникот Бране Петрушевски дека за време на министерскиот мандат честопати знаел да се луксузира со изборот на хотел, па некогаш плаќал и до 500 евра за една ноќ.
Ние повторно сме сведоци на небулозни и смешни обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, кои во рекордно време успеаја да ги влошат односите со сите соседи и да ги расипат напорите за изградба на соработки во последните седум години. Овие напори резултираа со зголемен извоз на вино и земјоделски производи, учество на врвни саеми и промоција на нашите производи. На пример, за прв пат во историјата, Македонија беше претставена на престижниот саем Белавита во Чикаго, што е причина за гордост. Понатаму, посетата во Вермонт вклучуваше највисоки претставници, меѓу кои и Секретарот за земјоделство на Вермонт, комесарот за шумарство и генералот на војската, кој е голем пријател на Македонија. Посетата на Италија, беше заедно со Претседателот на Република Србија со кои заеднички се претставивме на уште еден престижен саем. Во врска со цените на хотелските соби, сите се во согласност со нашите правилници, а хотелите се препорачани од нашите амбасади и претставништва во странство. Никогаш не сум одлучувал јас дирекно за моето сместување. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ не се способни да се претстават на ниту еден саем во странство нити да ги промовираат нашите производи, доказ за тоа е испуштеното учество на саемот АГРА во Република Словенија, патем за кој актуелниот Министер ги купил авионските карти меѓутоа не бил присутен а тоа е поради нивната неспособност да организираат достојно претставување на нашите производи во странство – тврди Николовски.
Comments are closed for this post.