Студентите од Филозофскиот факултет и другите студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ попладнево излегоа на протест пред Министерството за образование и наука.

Тие не се согласуваат со новиот концепт за образованието, со кој се предивидува укинување на историјата како посебен предмет.

Според сенаторите на УКИМ предметот историја како посебен предмет е од исклучително општествена важност и треба да остане како самостоен предмет.