Независен синдикат за образование и наука (НСОН) за утре најавува прес-конференција на која како што велат, ќе ја запознаат широката јавност со проблемите со кои се соочуваат наставниците во новата учебна 2020/2021 година.

Во име на просветните работници Ве известуваме за дел од проблемите со кои се соочуваме:

* На дел од колегите им е двојно зголемен работниот учинок односно двојно им е зголемен фондот на часови што е спротивно на законот за наставници и стручни соработници, а со тоа работните обврски во денот им надминуваат и над 8 часа во денот.

* Во најголем дел од училиштата, работодавачот нема обезбедно компјутер односно средство за работа за on-line настава, а како резултат на тоа во некои училишта, директорите ги присилуваат колегите сами да си набават компјутер без да имаат во обзир дека и наставниците имаат свои семејство и деца на кои треба да им обезбедат услови за следење на on-line настава .

* МОН не го почитува приватниот живот и работното време на наставниците, со тоа што доставува работни задачи до наставниците во 23.00 часот и бара истите да бидат завршени во утринските часови на наредниот ден, се вели во соопштението на НСОН.

Оттаму посочуваат дека поднеле барање за средба со министерката за образование и наука Мила Царовска со цел презентирање и надминување на проблемите, но на истото барање не добиле одговор.