Неспособниот неработник Петре Шилегов во целиот мандат единствено што успеа да направи е доградба на неговата речиси нова и луксузна куќа среде Скопје од над 300 квадрати и да потроши 12,5 милиони евра од Градска куќа кои никој не знае каде завршија.Додека за Скопје и скопјани Шилегов не направи ништо. Ветуваше големи проекти како тунели, нови булевари, мостови, Луна парк, подземни улици, продолжување на жичарницата, тамвај, СРЦ Кале, но од тоа по 4 години нема ништо, па мора повторно да ги ветува истите работи,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Свесен дека ништо не сработил и во страв и нервоза од поразот кој му следи мрзеливиот Шилегов сега започна да се расфрла со навреди бидејќи само толку знае и тоа му остана.

За разлика од него, Данела Арсовска е успешен и докажан менаџер со видливи резултати во Македонија и во меѓународни рамки.

Арсовска е високо почитувана во бизнис заедницата која помагала во развој на многу компании и донела голем придонес во општеството, додека единствениот придонес на Шилегов е зголемување на личниот имот и богатство на грбот на скопјани.

Скопјани имаат лесна задача за избор кој ќе биде идниот градоначалник бидејќи пред нив се Арсовска работник, успешен менаџер и Шилегов  неработник, неспособен и мрзелив.

На 17 октомври доаѓа крајот на Шилегов, а потоа и одговорност!