Министерствата за надворешни работи на Македонија и Хеленската Република денеска разменија ноти, со кои, се подига нивото на канцелариите за врски во Атина и Скопје на ниво на амбасади.
Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Хеленската Република, денеска разменија ноти, со кои, согласно членот 10 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, се подига нивото на Канцеларијата за врски во Атина на ниво на Амбасада на Република Северна Македонија, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун на ниво на Генерален конзулат, а истовремено, Канцеларијата за врски во Скопје се подига на ниво на Амбасада на Хеленската Република, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат“, соопшти МНР.
Comments are closed for this post.