Одржувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, што треба да се одржи од 1 до 21 април, освен со неповолната здравствена состојба, се соочува со уште еден проблем.
Имено, според податоците на Државниот завод за статистика, фалат реонски попишувачи во речиси сите општини во земјата.
Најмногу реонски попишувачи фалат во скопската општина Аеродром – 139, следат Карпош – 109, Центар 108, Тетово 101, Гази Баба 100…
Државниот завод за статистика денеска објави дополнителен трет јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот.
Не е јасно како ќе биде спроведен пописот без доволен број попишувачи, дотолку повеќе што почетокот на оваа сложена и значајна статистичка операција, 1 април, останува малку време, во кое треба да се обезбедат доволно попишувачи и истите соодветно да се обучат.
Comments are closed for this post.