Правникот„ Апасиев има поднесено кривична пријава за „кражба на струја„ кон не еден, туку сите жители на Арачиново, со што без никаков доказ, но само воден од неговата опсесија со Арачиново покажува дека не е заинтересиран реално за евентуалната штета или „кражба„ туку едноставно сака да ги покаже арачиновците а со тоа и албанците како луѓе кои според неговите видуваања се виновни само затоа што се живи.
Истиот „правник„ иако свесен дека нема никаква основа, поднесува пријава во негово име без да спомне или поднесе конкретен доказ како тој ја утврдил „кражбата„, бил ли во терен да ја согледа состојбата, од каде му се тие податоци или врз основа на што е поднесена истата.
Кога се поднесува Кривична пријава, истата треба да му се адресира на одредено физичко или правно лице, но никаде до сега не сме слушнале дека иста се поднесува кон цел еден колективитет, жители на цела една општина и тоа само заради фактот дека се трн во окото на некојси „правник„.
Целта на „правникот„ Апасиев се знае и се подразбира.

Немајќи капацитет да се оправда пред неговите налогодавачи за чии интереси одработува во политичката сцена во Република Северна Македонија, „правникот„ ја злоупотребува својата положба па и јавниот медиумски простор така што насекади шири тезе кои носат поделби а во крајна рака секој евентуален проблем во земјава да го прикаже како етнички а при тоа е свесен дека се однесува НЕЕТИЧКИ, ама сепак тоа му е дадено да го сработи и за тоа и се плаќа, а се чини не во денари, ни во евра или долари туку со рубљи.