Министерството за здравство, преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера влегле и извршиле инспекциски надзор и контрола во Аџибадем Систина, со цел да утврдат дали тестирањата кои ги врши оваа болница се согласно законските прописи и соодветни стандарди, односно дали се акредитирани и верификувани од Институтот за јавно здравје – тврдат извори на Република.
Притоа не се утврдени никакви неправилности, односно утврдено е дека тестирањата се направени по сите протоколи и дека се точни и прецизни. Се работи за брзи скрининг тестови кои за кусо време даваат резултат, кој имплицира дека човекот кој е позитивен имал допир со ковид 19. Притоа тој може да има симптоми, но и не мора, односно може да не покажува знаци на болеста, но вирусот да го пренесе на друг човек. За да се потврдат резултатите кои се добиваат во Аџибадем Систина, во другите лаборатории се потребни 4- 5 дена.
При инспекцијата на Аџибадем Систина, но и на другите здравствени установи кои вршат тестирања, укажано им е дека податоците и резултатите од тестирањата не смеат да се објавуваат во јавност, туку истите да бидат проследени до Институтот за јавно за здравје.
На овој начин Министерството за здравство прави притисок врз приватните установи кои вршат тестирање за корона вирусот, сакајќи да ги фрли во втор план, веројатно плашејќи се од нивната конкуренцијата, но и да ја прикрие сопствената неспособност за справување со актуелната пандемија. Очигледно во вакви услови на криза подобро се снаоѓаат приватните здравствени установи, кои се побрзи, попрецизни и поагилни во однос на глозманото јавно здравство.
Comments are closed for this post.