Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вели дека инспекторите запечатиле неколку кафемати во трговски објекти, како и на бензиски пумпи, со цел да се спречи собирање на групи, согласно одлуката на Владата.

Имаше злоупотреба онаму каде се издаваше кафе од кафемати, како на бензиски и во трговски објекти. Таа постапка е при крај. Имаме 42-43 кафемати со налепница од Државниот пазарен инспекторат. Тоа го правиме со цел, не да забраниме луѓето да пијат кафе, туку да забраниме собирање на луѓе, односно да се почитува одлуката на Владата. Се она што нема да биде почитувано, ќе биде санкционирано, рече Пауновски.