На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека плочката што беше ставена на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“ како дел од обврската од договорот од Преспа е падната.

Не се знае дали плочката, која треба да појаснува дека споменикот е дел од хеленската култура е насилно извадена или самата се одлепила.

Во следните денови вакви обележја треба да бидат поставени и на останатите споменици за кои Грција смета дека се дел од нивната култура и наследство