Не било време: Ковачевски го одби Мицкоски за лидерска средба

16.06.2023 / 18:25


Тој европски пат не е пат сам за себе, ниту пак одлуката е одлука сама за себе, тоа е еден од чекорите за остварување на втората цел на државата, после членството во НАТО, зачленување во ЕУ, рече Ковачевски во интервју за Канал 5.

 

Тој порача дека затоа сите политички чинители во државата треба да бидат посветени на процесот за уставните измени, за што поттик, доверба и поддршка имаме од сите земји членки на Европската Унија, како и од Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент.

Она што во моментов ни треба е продолжување на дијалогот на ниво на работни групи коишто ќе треба да ги договорат деталите на процесот како ќе се одвива во иднина. Бидејќи ако опозицијата ги кажа своите ставови, а тоа е дека нема проблем со вметнувањето на други делови од народи, вклучително и бугарскиот, во нашата Преамбула, тоа го кажаа јавно, дека се согласни да влезат во Владата, дека се согласни таа Влада да ги заврши уставните измени, да ги отвори поглавјата, да го заврши скринингот итн. и потоа да се оди на избори, прво со техничка Влада, согласно со закон и дека Парламентот може да носи таква одлука, тогаш не гледам пречка зошто не би продолжила работата во работните групи, истакна премиерот.

Ковачевски додаде дека уставните измени се регулирани согласно законската процедура и тие во моментов се наоѓаат во работните тела на Владата, па штом ќе биде завршено нивното финализирање и формализирање од технички аспект и содржински ќе бидат доставени до Парламентот каде што ќе отпочне процедурата.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Ваташа го повика премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачески да се соочат на ТВ дуел.

За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност на ТВ дуел, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме. па народот нека суди и нека пресудува, рече Мицкоски. 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Ахмети имал инфорации дека ќе му се суди на УЧК во Хаг

пред 12 часа
Македонија

СДСМ и Филипче со години ги криеле анализите за загадена вода

пред 22 часа
Македонија

Mицкоски го потести Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо

пред 2 дена
Македонија

Министерот Kлековски не сака да дава прогнози кога Гостивар ќе добие питка вода

пред 2 дена
Македонија

Aко Артана се викаше Биљана Албанците сигурно ќе излезеа на улица

пред 2 дена
Македонија

Мери Дика Георгиевска е нов уставен судија

пред 3 дена
Македонија

Mицкоски за Гостивар:  Очекувам Обвинителството да почне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година

пред 3 дена
Македонија

Вардар испадна од Европа во сезона на годишни одмори

пред 3 дена
Македонија

„ 5 минути со Чавез“: Ако водата во Гостивар беше двојазична, Албанците гарант ќе излезеа на протест

пред 3 дена
Македонија

 Обезбедени над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и „вранец“

пред 3 дена
Jojobet GirişJojobetHoliganbet girişHoliganbetHoliganbetGrandpashabetGrandpashabethttps://gunprodeals.com/JojobetJojobetJojobetMadridbetMadridbetMadridbetJojobetjojobetcratosroyalbetbetgarantigrandpashabetiptv satın albetciocasibomHoliganbetAnkara escortjojobetgrandpashabetAnkara escort