Се повеќе докази испливуваат од мрачното подземје каде функционира оваа власт, оваа државна мафија. По Леонардо, Порошенко, Рекет, испливуваат и докази и сведочења за местење и директни наредби во судството. Испливува спрегата на Државната мафија со Рускоска/Јанева обвинителствата и Кацарска судството, рече денес на прес-конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Без срам, Зоран Заев признава дека му се јавувал на Блерим Беџети, одговорен за правните работи во ДУИ, на истиот Беџети кој што директно го обвини дека Заев вршел притисок врз него да влијае на одлуките на Судскиот совет за смена на претседател на Суд и тоа да биде завршено до септември, според зборовите на Беџети!

Без срам, Заев признава дека му се јавил на Беџети за Јово Вангеловски. Според датата која што ја наведе Беџети, тогаш беше суспендиран Владимир Панчевски, а беше одложена расправата за разрешување на претседателот на Врховниот суд  Јово Вангеловски, додаде тој.

„Заев, ако признаваш дека си зборувал со Беџети за Вангеловски, ајде признај и за што си зборувал со Васко Ковачевски за тендерите со ископот во РЕК Битола? За што разговараше со Китанов за експресниот пат Штип – Радовиш? За што разговараше со Филипче за тендерот за стерилизација во Италија? За што разговараше со Ден Дончев и Киче за оние 11 милиони евра од „Диамед“?

Заев, директно да одговориш, дали си нарачал Јово Вангеловски да биде разрешен до септември?

Ова е јасен доказ за нарачани судски одлуки, местење на судски процеси, местење и нарачки на членови и распоредување на судии, ова е јасен доказ за целосна зависност, потчинетост, окупација на правниот систем во Република Македонија!

Ова е доказ за киднапираното судство, за судство кое работи по нарачка, за судство кое заедно со киднапираното Русковска – Јанева обвинителства се спроведуваат политички монтирани процеси против неистомисленици. Ова е доказ дека и вчера Заев повторно упати јасни сериозни закани кон новинари. Ова е доказ за политички режим и диктатура!

Заев го згази правниот систем, Заев го уништи телото за реформи според барањата на Прибе и ја киднапираше судската независност. Заев, аболицираниот криминалец, е човекот кој сам себе се ослободи за „Поткуп“, едно Евро за Вицето едно за црквата, тој е човекот кој што го згази достоинството на парламентот, секојдневно го рекетира бизнисот, сега го киднапира буџетот додека граѓаните тонат во сиромаштија, а државата ја прикова на дното.

Тој е човек кој што сам обвинува, сам суди и  пресудува, и сам егзекутира!

Зоран Заев ниту е чесен, ниту е достоинствен за функцијата. Зоран Заев е срам за државата и тој срам се повеќе меѓународно се шири. Зоране Заев, ништо помалку од оставка повеќе не е валидно од тебе. Оставка веднаш и Собранието на Република Македонија да распише предвремени избори“, рече Стоилковски.