Еминентни доктори, социолози, фармацевти и поборници за правата на пациентите од регионот и Македонија ќе бидат учесници на научната конференција каде што ќе обајснуваат зошто имунизација не е добро да се прави преку игла, ќе зборуваат за вистините и заблудите за вакцините, како и за правото на избор при информирана согласност.
Конференцијата на тема „Вакцините во 21 Век – Предизвици со кои се соочуваме“ е во организација на здружението за заштита на човекови права од Скопје „Од нас за нас“ и Здружението за заштита на правата на пациентите „Здравје со игла не влегува“ од Кичево ќе се одржи на 20 и 21 септември (петок и сабота) во „Јавна соба“ во Скопје.
Со оглед на актуелноста не темата последниве осум месеци, кога се соочуваме со (дез)информации за потребата, особено присилноста на имунизацијата преку игла и со тоа попречување на детската заштита, игра и училишен развој, одлучивме да организираме Научна конференција. Ги собравме еминентните доктори, социолози, фармацевти, поборници за правата на пациентите од регионот и Македонија да земат учество на овој настан, верувам, од големо значење за сите нас. Подготвуваме покани за домашните експерти кои го поттикнуваат спроведувањето на присилната вакцинација преку тезата за имунизација преку игла, да ги слушнат спротивставените ставови, а потоа да ги изнесат своите аргументи. Го очекуваме нивното присуство како би можеле сите заедно, без притисоци, отворено, да извлечеме заклучоци во насока на ревидирање и менување на сегашните политики на Влада – велат организаторите на конференцијата.
Меѓу поканетите панелисти, застапници на задолжителната имунизација се министерот за здравство, д-р Венко Филипче, од Универзитетската клиника за детски болести Скопје, д-р Катерина Ставриќ, педијатар имунолог, од Институт за јавно здравје, Комисија за заразни болести, д-р Владимир Микиќ, од Фармацевтскиот факултет вонр. проф. д-р Александра Грозданова, од клиничка болница „Аџибадем Систина“ д-р Александар Сијаковски, педијатар, неонатолог и д-р Владимир Трајковски од Филозофскиот факултет, Институт за дефектологија.
Исто така, како што велат организаторите, поканети на конференцијата се и премиерот Зоран Заев, врховни, управни, кривични, граѓански судии, адвокати, студенти, претставници од правен, медицински, фармацевтски факултет, народен правобранител, здруженија на деца со посебни потреби, особено со аутизам, лекарска, фармацевтска комора, здруженија на педијатри, Хелсиншки комитет, Меѓаши, како и сите кои ќе се најдат засегнати од проблематиката.
Во текот на двата дена на конференцијата предвидени се обраќања и дискусии на Д-р Среќко Сладољев, Д-р Алма Демировиќ, Д-р Лидија Гајски, Д-р Јадранка Бибан, Д-р Матеја Черниќ, Јагода Савиќ, социолог, Д-р Јована Стојковиќ, Проф. Д-р Владимир Трајковски, Весна Симонова, фармацевт, Милина Дориќ, адвокат, Нина Атанацковиќ Суломар, адвокат, Љупка Еленова, адвокат.
Comments are closed for this post.