По ратификацијата на Протоколот за прием на Македонија во НАТО, денеска со пригодна церемонија беше подигнато знамето на НАТО пред зградата на македонското Собрание.
Го заслуживте вашето место со определбата и активната посветеност на постигнувањето на евроатланската безбедност. Покажавте дека вашата земја е подготвена и спремна да ги прифати обврските на сојузникот НАТО, истакна в.д. претседателот на ПС НАТО, Атила Местерхази, по изгласувањето на Законот за Ратификација на Северноатланскиот совет.
Нашето Собрание беше шампион на отворена врата на НАТО, кое дозволи и ја даде својата полна поддршка за пристапување на Република Македонија во НАТО Алијансата. Едниот соработник се уште треба да ја помине ратификацијата, но ние ја почитуваме независната одлука на самостојниот парламент, но денеска ние гласаме иако имаме уште еден чекор да се заврши пристапот, рече Местерхази.
Comments are closed for this post.