Школата за млади лидери на претседателот Иванов за мене беше голем предзвик и чест. Запознав интересни луѓе полни со знаење кои безрезерно ние го пренесоа знаењето.

Вака Наташа Попова го оценува своето искуство од учеството на школата за млади лидери на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов. Таа објаснува дека во школата запознала и научила многу од големите лидери од регионот и светот и сега тоа искуство сака да го сподели со други и да го употреби во кариерата.

Такво искуство и е сегашната работа за принцот од Нигерија. Конкретно Наташа работи како советник на Н.Е. Амб. Принце Самуел Адесегун Егунјоби Маѕоња.

-Да бидам искрена најмногу ми користи искуството од претходните работни места и школата ми е дополнителен плус затоа што јас како Македонка сакам да ја претствам мојата земја на свој начин. За мене ова е голема чест и горда сум што сум Македонка.На оваа работа ми помогна искуството што го имам од маркетингот, ревизијата, отворањето на мали претприемачи, помош на жени и деца од Африка- објаснува Наташа.

Таа подетално откри кој е принцот од Нигерија.

Тој е кандидат за претседател на Нигерија во 2023 година и потекнува од кралско семејство.Мислам дека она што го работи за неговата земја е поважно отколку титулата. Принцот е хуманитарец, иноватор, адокат и основач на „Ребулид Африка Фондејшн“. Тој ги едуцира и им пружа поддршка на младите да се едуцираат. Ги помага и жените и децата кои се жртви на злоупотреба, на лица кои боледуваат од депресија и они кои немаат можност да се школуваат, како и деца со посебни потреби.Принцот е основач на„Ондо Фоод Банк“ и со тоа им помага на луѓето да преживеат-објаснува Попова