Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово во ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев.
Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата.
Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани.
Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се потребни нови избори, најавувајќи зголемување на пензиите и раст на минималната и просечната плата, како и реформи во образованието. Говорејќи за спорот со Бугарија, Ковачевски рече дека разговорите ќе продолжат и ќе бидат интензивирани без да биде загрозен идентитетот на народот.
Расправата за избор на новата влада во Парламентот траеше два дена.
Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП.
Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива.
Comments are closed for this post.