Македонското интегрирање во евроатлантските структури ќе придонесе за стабилност, просперитет и отвореност на целиот регион, порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на средбата со министерката за одбрана на Италијанската Република, Елизабета Трента, притоа нагласувајќи ја важноста за продолжување на италијанската поддршка во однос на нашето членство во ЕУ и НАТО.
Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, на средбата било разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Италијанската Република, за соработката во областа на одбраната и безбедноста, како и за состојбите поврзани со интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.
Македонскиот претседател нагласи дека Армијата на Република Македонија со својата посветеност, професионалност и високо рангирана борбена подготвеност е докажан сојузник на армиите на земјите-членки на НАТО и континуирано придонесува во заедничките меѓународни мировни мисии на Алијансата.
Comments are closed for this post.