Вчерашниот голем сенароден протест покажа во кој правец ќе се движи Македонија во следниот период.
Големото присуство на граѓаните на овој митинг кој не беше организиран од ниту една партија докажува дека револтот на граѓаните кога тогаш мора да излезе и оти случувањата со затворените од настаните од „27 април“ беше само повод. Граѓаните излегоа и поради сите понижувања кои ни ги приредува власта и дома и надвор, анализира „Пресинг ТВ“
Дома поради скандалите кои не можат да се добројат и запаметат-вакцините, покорниот однос кон ДУИ, случајот „Драги Рашковски“,реформите во образованието на Мила Царовска, укинувањето на историјата а сега и на печатените учебници, пасошите на криминалци и нарко босови, „случајното“ исчезнување на матични изводи….
На надворешен план поради преговорите на Заев за укинување на македонскиот јазик и нација во договор со Бугарија и откажувањето на Гоце Делчев.
Затоа народот се крена и кажа доста е!
Потребни се избори, и тоа по можност заедно со локалните наесен и доаѓање на нова власт која ќе работи за народот а не против.
Она што беше пак повод народот вчера да излезе на улица, без да навлегуваме во бројки колкава беше поддршката, беа неправдите кон осудените од „27 април“.
Јасно е дека тие беа осудени без никакви докази и само врз основа на сведочење на еден сомнителен сведок но и обвинет кој неколкупати го меннуваше својот исказ. Тој се разбира е Нинџа кој покрај т.н сторители сака во затвор да ги пикне и т.н организатори на настаните од тој 27 април 2017 година.
И за едните и за другите нема никакви докази, но власта по секоја цена е решена тие да бидат во затвор.
Каде што има сила нема докази и правда- но вчерашниот протест е доказ дека против народ не се може.
Comments are closed for this post.