Наместо живот, со Зоран Заев во Македонија дојде до егзодус и невидено, невидено до сега иселување, изјави на денешната прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција посветена на секојдневните извештаи за падот на бројот на учениците по општини, како и на бројот на новородени деца.
Како последица на штетните политики на Зоран Заев и неговата Влада, според Ѓорчев, секојдневно се иселуваат луѓе од сите региони на Република Македонија.
Од Македонија секогаш имало иселување. Но, ова што сега го гледаме како невидено иселување, како егзодус, како евакуација од Македонија на цели семејства, до сега никогаш не сме го виделе од долгите векови на македонската историја, рече тој.
Притоа, тој ја повтори веста дека за само 10 месеци, од основните и средните училишта во Штип се отпишани 77 ученици, што, според него, значи дека од градот се иселени околу 300 до 400 граѓани. Во Кочани, пак, биле отпишани 20 ученици.
Македонија умира, паѓа бројот и на новородени деца. Во 2018 година, во три квартали, ако има статистика во Македонија, имаме најмал број на родени бебиња, потенцираше Ѓорчев.
Comments are closed for this post.