Вонредната состојба продолжува. Одлуката е донесена на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.
Одлуката ќе ја донесам согласно моите уставни надлежности и ќе трае 30 дена, рече Пендаровски.
Претседателот даде коментар за правните дилеми кои се појавија во јавноста во врска со уставноста за продолжувањето на воената состојба повеќе од пропишаните 30 дена.
Јасно е дека уставотворецот нема предвидено ваква ситуација. Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонрената состојба. Ја преземав одговорноста со носење на ваква одлука само затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето отколку да се криеме зад правни толкувања“, рече Пендаровски
Comments are closed for this post.