ВМРО-ДПМНЕ вели дека Венко Филипче и Зоран Заев јасно им покажаа на граѓаните дека не ги бива за ништо, па ниту да се погрижат за здравјето на народот.

-На прагот на четврти корона бран наместо да ги поттикнат граѓаните да се вакцинираат, тие воведуваат дискриминаторски и фашизоидни мерки. Или ако си вакциниран може да пиеш кафе во кафуле, ако не си ќе си седиш дома. Во меѓувреме, вакцинацијата се спроведува во крајно нехумани услови. Граѓаните чекаат по неколку часа на температури повисоки од околу 40 степени, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека и наместо да се фатат за работи тие си играат играчки, се грижат за провизии и слично.

 

 

Но, веќе никој ништо не очекува од нив. Спасот е само нивното заминување од функциите.