Политичарите и граѓаните на оваа држава пред речиси три децении се согласија дека сакаат Македонија да биде посилна, побезбедна, попроспериетна, на тој начин што ќе стане членка на Европската Унија и НАТО и ветија дека ќе ги решаваат сите проблеми кои што се пречка на тој пат, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Министерката присуствуваше на отворањето на Четвртиот мобилен летен универзитет на Балканот, кој се одржува во организација на Правниот факултет во Скопје и партнерски универзитети од Франција и од Германија, од каде што порача дека сите заедно, Владаи граѓаните треба се потрудиме да најдеме решение на проблемите, кои долго време ја мачат оваа земја зашто со секоја помината деценија проблемот што сме го криеле под тепих излегува пострашен, полош и потежок за решавање.
Владата ја презеде одговорноста проблемот кој е можеби најтежок во историјата на Македонија, а поврзан со соседите да се реши на достоинствен начин кој ќе им покаже на македонските граѓани дека е можен компромис, со зачувување и зацврстување на македонскиот јазик, култура и идентитет. Тоа ни ги отвора вратите на НАТО и ЕУ и создава перспектива која повеќе ќе ја искористат младите – истакна Шекеринска.
Министерката истакна дека пристапувањето кон ЕУ и НАТО зависи од две други приближувања – приближувањето помеѓу соседите и приближувањето во рамките на земјите, помеѓу различните групи, националности и религии.
Comments are closed for this post.