Акцискиот план за борба против корупцијата помпезно беше најавуван од страна на Владата, а исто и вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски како човек кој ќе биде прв во таа битка, но по се изгледа дека Љупчо ја згрешил професијата. Тој вчера на новинарско прешање за тоа дали ќе побара разрешување на поранешниот генерален секретар на Владата и актуелен секретар на кабинетот на премиерот, Драги Рашковски за набавка на софтверот за собраќајни прекршоци вреден 81 илјади евра кој Рашковски, откако го патентирал, си го продал сам на себе, а ниту една институција не го користи, рече дека нема да побара разрешување бидејќи за него не важел етичкиот кодекс, односно дека функцијата на Рашковски не е опфатена со тој документ.Токму вицепремиерот Николовски пред само неколку месеци истото го направи за Директорката на Националната агенција за образовни ппрограми и мобилност Лидија Димова чија функција исто не е опфатена со етичкиот кодекс, но можеби таа важеше за помалку битна фигура во Владата од Рашковски кој е познат по блискоста со премиерот Заев кој исто така излезе во негова одбрана за овој случај ветувајќи дека ќе бидат објавени писмени докази пред јавноста дека софтверот не е купен попусто и дека си има своја намена, но Владата досега не објави такви документи.Со ваквиот потег и непостапување на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николоски, путерот и понатаму ќе остане негово најголемото достигнување во неговата кариера како човек кој требаше да се бори со високата корупција, а Рашковски уште долго ќе се сонча на еготичните плажи во Мексико без и влакно да му фали на главата и покрај тоа што го следат еден куп афери со сериозни индиции дека е до гуша во криминал како што се:

„Дака -Шик Јелак“
Во овој случај, балканскиот контроверзен бизнисмен Дака, според протечената аудио бомба со Рашковски, договарал да го добие просторот од 2000 илјади метри квадратни во непосредна близина на Тетово.

Афера „Леонардо“
Драги Рашковски од аудио бомбата се слуша дека преговарал за скандалозниот тендер за М-НАВ во прилог на истоимената италијанска фирма за набавка на систем за управување со воздушен простор во вредност од 7 милиони евра, кој случај се уште не виде никаква завршница од страна на институциите.

Афера  „Сархемс“

Во овој случај фирмата Сархермес ДООЕЛ формирана само  24 дена пред јавниот повик го доби јавното приватно партнерство  за хеликоптерите. Оваа фирма основана пред јавниот повик успеала да достави документ дека во последните 5 години има завршено слична работа како ова ЈПП и дека има авио сертификат ТЦДС, благодарение на конзорциумскиот настап. Во извештајот потпишан од тогаш генералниот секретар Рашковски и освоен од владата, се забележуваат многу законски пропусти и прекршувања во целата постапка со која Сархемс и владата станаа партнери во бизнисот со хеликоптери кој со вложени 10.000 евра ќе днесе ќар од над 70.000.000 евра.