Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 22:00 до 4:00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи што ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје при што санкционира102 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени соодветни казни.

Како што информира МВР, откриени се и 52 останати прекршоци, за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 27 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје и санкционира 27 возачи. Откриени се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 17 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози