Запрепастувачка фотографија стигна до нашата редакција. Од чешма во селото Тремник, близу до Неготино, наместо вода за пиење тече црна течност.

Жителите на селото  се револтирани и велат дека не можат да ги обавуваат основните животни потреби.

Не можам да се туширам со ваква вода, а  за пиење секако дека не станува ни збор, ни вели нашиот соговорник.

Неодамна од Институтот за јавно здравје истакнаа дека 97% од граѓаните во земјава имаат пристап до безбедна вода за пиење, а само 3% го немаат тоа право.