Запрепастувачка фотографија стигна до нашата редакција. Од чешма во селото Тремник, близу до Неготино, наместо вода за пиење тече црна течност.
Жителите на селото се револтирани и велат дека не можат да ги обавуваат основните животни потреби.
Не можам да се туширам со ваква вода, а за пиење секако дека не станува ни збор, ни вели нашиот соговорник.
Неодамна од Институтот за јавно здравје истакнаа дека 97% од граѓаните во земјава имаат пристап до безбедна вода за пиење, а само 3% го немаат тоа право.
Comments are closed for this post.