Околу 250 домашни и повеќе од 100 странски медиуми денеска ја следат и ја пренесуваат историската посета на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск на Република Северна Македонија.
Меѓу странските акредитирани медиуми се Грчката национална телевизија, Бугарската национална телевизија, Ал Џезира Балкан, Војс оф Америка, Би-Би-Си, Зи дојче цајтунг и многу други медиуми.
Инаку, денеска на плоштадот „Македонија” во Скопје се очекуваат повеќе од 15 илјади граѓани од земјава, но и високи и гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство.
Според надлежните, и во Прес-центарот во Домот на АРМ се е подготвено да им се излезе максимално во пресрет на сите акредитирани новинари.
Comments are closed for this post.