Ги анализирав параметрите според кој се добива финалната оценка за рангирање на армијата на Глобал павер (Global firepower) , тоа 133-то место од 139 места е катастрофално лошо и вакво рагирање е недозволиво за земја членка на НАТО и за земја која сака да застане „рамо до рамо“ со сојузниците во НАТО, вели универзитетскиот професор Александар Нацев утрово на Алфа телевизија.

Тој објасни дека од минатата година Армијата била рангирана 126-то место, а ова година е 133-та од вкупно 139 земји рангирани што е навистина поразително.

Министерката за одбрана и целата Влада ја убедуваат јавноста дека „блескаме“, а нашите рејтинзи иако сме членка на НАТО, постојано опаѓаат и се се полоши и полоши, заклучи професорот. Овој индекс се формира врз основа на бројот на население, па од тоа се вади процент на военоспособни лица, бројот на активен персонал во Армијата, и бројот на резервен персонал, потоа се гледаат борбените параметри, воздухопловството, колку авиони и хеликоптери има Армијата и колку од нив се борбени, тренажни итн, објасни професорот Нацев.