Државната секретарка на Португалија за европски прашања, Ана Пола Закаријаш, зборувајќи за бугарското вето истакна дека позицијата на Бугарија мора да се почитува за да нема несогласувања во ЕУ. Во своето објаснување на проблемот таа изјави дека македонскиот јазик некогаш бил бугарски.
-Португалскиот предлог не зазема страна и е добро решение, а во однос на изјавата на државната секретарка на Португалија која најверојатно е дадена за бугарските медиуми ќе ја провериме автентичноста и МНР соодветно ќе реагира – одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање.
Државната секретарка на Португалија за европски прашања, Ана Пола Закаријаш, зборувајќи за бугарското вето истакна дека позицијата на Бугарија мора да се почитува за да нема несогласувања во ЕУ. Во своето објаснување на проблемот таа изјави дека македонскиот јазик некогаш бил бугарски.
-Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патоказ кој ќе им помогне да работат заедно, и Бугарија да има гаранции дека кога Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат непречено. Македонија помина низ тешки преговори со Грција – запомнете дека го смени името на земјата. Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји. Бугарија има нови избори на 11 јули и мислам дека бугарските власти ги чекаат своите резултати пред да одлучат како да постапат – рече таа пред новинарите во Лисабон.
Comments are closed for this post.