Иницијативата на СДСМ за собирање на потписи нема никаква правна важност. Само Уставниот суд е тој што може да го врати Собранието во вакви околности, тврдат соговорниците кои ги консултиравме.
Според нив, постои можност пратениците да се вратат во Собрание и да продолжат само доколку Уставниот суд ја поништеше одлуката за распуштање донесена на 16 февруари за изборите кои требаше да се случат на 12 април. Но, бидејќи Уставниот суд минатата недела ја отфрли таквата иницијатива не постои можност распуштено Собрание да се врати.
Дека тоа не е можно потврдува и фактот дека правните екперти собрани по барање на претседателот Пендаровски не изградија заеднички став по ова прашање.
Поради тоа и шефот на државата донесе одлука да го прогласи вонредна а не кризна состојба, бидејќи кога е вонредна Владата може да донесува Уредби со сила на Закон.
Се поставува прашањето што се смени оттогаш до сега , па власта да бара начин како по секоја цена да го врати Собранието.
Дали причината за тоа лежи во фактот што сите Уредби донесени од Владата во вонредна состојба мора да бидат изгласани од Собранието. Очигледно е дека на власта и се брза да го стори овој состав на Собранието додека се уште имаат мнозинство.
Според експертите, невозможно е да се вратат поранешни пратеници без да биде поништена или укината одлуката за распуштање на Собранието од страна на Уставниот суд.
Дотогаш тие се поранешни пратеници.
Што ќе прават „потписниците“ со одлуката за распуштање на Собранието донесена со 108 гласови. Ќе ја прескокнат ли?. Уставот е највисок правен акт-укажуваат експертите.
Comments are closed for this post.