Одлуката за утврдување на вонредна состојба, според членот 125 став 3 од Уставот на Република Македонија има важност најмногу 30 дена. Тоа значи дека вонредната состојба може да трае само ограничено време, смета поранешниот министер за правда Михајло Маневски.

 

Во Уставот не е предвидена можност за продолжување на вонредната состојба, ниту е предвидена можност за донесување на нова Одлука за утврдување на вонредна состојаба. Во устави на некои држави од регионот е предвидена можност за продолжување на вонредната состојба или уставите сордржат одредби со кои се предвидува дека вонреднатра состојба трае се до престанување на околностите поради кои е утврдена. Нашиот Устав нема такви решенија