По грчкото, денеска и македонско МНР реагираше на коментарот на официјална Москва во врска со усвојувањето на уставните амандмани.
Министерството за надворешни работи со жалење констатира дека и покрај толку горливи проблеми во денешниот свет, департманот за информирање на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација повторно, во негативен контекст, апострофира автентични политички процеси во две соседни земји, кои водат кон решавање на проблеми, зацврстување доверба и градење пријателство.
МНР е уверено дека иднината ќе ја потврди исправноста на овој пристап, кој претпочита политичко визионерство и лидерство, како и дека придобивките за регионалната стабилност и просперитет ќе бидат прифатени и валоризирани од сите страни, вклучително и од пријателската Руска Федерација. – стои во реакцијата на МНР.
Comments are closed for this post.