Ова е извештајот од патологија до кој дошла родилката од Дебар, Јилдз Веапоска чии органи ги извади директорот на болницата во Струга при нејзиното породување, објави Телма телевизија. . Тврди дека без да ја праша неа или нејзиниот сопруг, докторот Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на патологија.

Од она што може да се види, наодот е од 4 дена после операцијата, Веапсока се сомнева дури и дали се нејзините органи. Од друга страна вели дека се работи за здрави бубрег и матка.

Вчера, не лекарската комора, туку Министерството за здравство објави дека  немало пропуст во работењето на директорот Асани. Пациентката била соодветно примена, а лекарската екипа навремено регирала кога се појавиле првите знаци на влошување. Комората и денеска не го дава извештајот, но преку соопштение се правда за сопствената одлука. Велат комората е составена од стручни лекари кои не биле ни вештаци, ни истражители.

Целиот текст овде.