На суспендираниот судија Владимир Панчевски ќе му се суди во велешкиот суд поради непристрасност, соопшти Основниот кривичен суд во Скопје.

„Судот достави решение со кое советот на второстепениот суд, постапувајќи по предлог на судија – поединец од кривичниот суд за пренесување на месна надлежност и определување друг суд кој ќе постапува по предметот К.бр. 1292/19 оформен по поднесен обвинителен предлог на ОЈО – Скопје против В.П. за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 27 ст.3 в.в. ст.4 од ЗКП го уважи предлогот“, соопшти судот.

Апелација утврдила дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и во согласност со член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.

Со решението на Апелацискиот суд во Скопје, Основниот суд во Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет.

Поранешниот претседател на кривичниот суд е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот.