Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, гостуваше на Си-Ен-Ен, каде одговори на прашање на новинарката Кристијан Аманпур.

На прашањето дали го поддржува она што Новак Ѓоковиќ го напиша пред камера во мај годинава (Косово е Србија, престанете со насилството), Вучиќ застана во одбрана на најдобриот тенисер на сите времиња.

 

– Верувам дека Новак Ѓоковиќ кажа нешто од се срце. Во тоа веруваат 99 отсто од Србите. Ние политичарите мора да бидеме проактивни и да наоѓаме решенија преку дијалог – рече Вучиќ