Претседателот на Собранието денеска лицитираше со неколку датуми за распишување на претседателските избори. Интересно е што тој говореше само за термини за изборите на шеф на државата но не и за парламентарните избори.
Тој беше јасен дека инаугурацијата на Претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година а Изборите се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат.
60-те последни дена се во рамки на датумите 14 март и 12 мај 2024 година па според тоа првиот круг бил бил на најрано 14 март 2024 година а вториот најдоцна 8 мај 2024 година
МОЖНИ ДАТУМИ (14 март – 8 мај)
Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.
– Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај)
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги повика политичките партии навреме да се договорат за терминот за одржување на претседателските и парламентарните избори следната година се со цел почитување на законските и уставните рокови.
До Нова Година треба да имаме консензус по однос на претседателските избори, парламентарните избори се друга приказна и важат други процедури и други рокови и има време до февруари, март, истакна Џафери на денешниот брифинг со новинарите.
Ако партиите немаат согласност и калкулираат, вели тој, јас тоа нема да го оставам така, нема да дозволам да се излезе надвор од она што е пропишано.
Должен сум тоа да го направам и да обезбедам дополнително време за да не останеме без претседател, посочи Џафери.
Претседателот на Собранието вели дека за уставните измени не е ништо променето по тоа прашање.
Тој информираше дека пратеници од Беса и Алтернатива поднеле барање за оглас за член на Државната изборна комисија.
За предложениот нов деловник на Собранието, чиј предлагач е Џафери, утре почнува амандманската расправа. Како што информираше Џафери, поднесени се триесетина амандмани и тоа од пратениците од Левица, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, а дел од амандманите ги подготвила собраниските служби и ќе ги поднесе тој како предлагач. Се очекува новиот деловник да биде донесен со консензус и најверојатно ќе биде ставен на седницата на 2 ноември. Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот мандат односно тоа првпат ќе биде со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.
Comments are closed for this post.