Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски потсети дека на денешен ден беше пуштен во употреба новиот објект на Собранието.

Во политиката, некогаш сме на врвот, а друг пат не, некогаш сме активни, а друг пат не, но она што е постојано тука се нашите достигнувања кои сведочат за карактерот на нашите дела за Татковината и за нејзините граѓани.Новиот објект на Собранието, гордо стоејќи во центарот на главниот град на независна Македонија, и во вековите пред нас ќе биде симболот на сите добиени битки на патот до нашата слобода и демократија.Нека ни е честит 11 октомври и нека е за многу години-напишаВељаноски.